Стручњаците на Interbrand кои секоја година објавуваат листа на највредните марки во светот ја проценија Toyota на 51,6 милијарди долари.
Со тоа Toyota го освои престижното топ-место меѓу автомобилските марки, и тоа 17 пат во историјата.
Ј
апонскиот производител воедно го зазеде високото седмо место на вкупна листа на водечки светски брендови, на чиј врв нема многу изненадувања – тој по традиција е резервиран за технолошките компании Apple, Amazon и Google.
Меѓу автомобилските марки Mercedes е втор највреден во оваа 2020 година, додека на третото место е BMW.
Клучот на успехот на Toyota е разновидноста на моделите достапни низ целиот свет и поставувањето на нови трендови во модерната автомобилска индустрија.
Марката во првите шест месеци годинава продаде 4,02 милиони автомобили, остварувајќи импресивни 12,4 отсто учество на глобалниот автомобилски пазар.