Поради пандемијата сите автомобилски производители во Бразил го сопреа производството.
Денеска (10.04) Toyota Motor Co објави дека го сопира производството во Бразил се до 22 јуни – јавува REUTERS. Претходно рестартирање на своето производство објави и General Motors Co кој исто така очекува да продолжи со работа во јуни месец.
Повеќето производители во Бразил, кој патем кажано е најголем производител на автомобили во Јужна Америка, поради познатите причини со пандемијата моментално не произведуваат возила.
Најголемите производители, Fiat Chrysler (FCHA.MI) и Volkswagen AG сеуште не го соопштуваат датумот на активирање на своите погони.