EV

Toyota ги објави спецификациите за европскиот bZ4X

Објавено на

 

Во пресрет на неговото паневропско лансирање, Toyota ги објави официјалните спецификации на електричниот SUV за пазарот на Стариот Континент.

Најважното е што bZ4X (beyond Zero) во верзијата со еден електромотор и погон на предните тркала има автономија од 516 километри, што е повеќе отколку што се очекуваше.

Според хомологираните податоци што ги објави Toyota, неговата потрошувачка изнесува 14,3 kWh на 100 километри.

Овие бројки за верзијата со два електромотора и погон на сите четири тркала изнесуваат 470 километри автономија и 15,8 kWh/100 km потрошувачка на струја.

Батериите од 71,4 kWh поддржуваат полначи до 150 kW, а Toyota гарантира дека ќе задржат 70 проценти од капацитетот после 10 години или милион километри.

Цените на европскиот bZ4X не се објавени освен за Велика Британија каде ќе чини 41.950 фунти, што е еквивалент на 50 илјади евра.

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.