Во светот
Tonale – моделот што треба да го спаси Alfa Romeo [фото]
Долго го чекавме – Alfa Romeo Tonale конечно официјално е претставен.
За италијанскиот производител тој е клучен модел кој ќе се натпреварува во најконкурентниот сегмент на автомобилскиот пазар.
За Tonale се зборуваше уште во време на Серџо Маркјоне како компактен SUV кој требаше да биде главен адут на Alfa Romeo за повторно освојување на пазарот.
Токму тоа е и денес, иако долго не можеше да стигне до концептната фаза, а уште подолго да излезе од неа.
Сега сé е во ред, сите замерки се исправени и Италијанците се пофалија со новиот модел кој се потпира на најсилните достигнувања на марката.
На пример, тркалата се изведени од 33 Stradale, светлата налик на оние на SZ Zagato а линијата од страна според дизајнерите би требало да ја имитира Giulia GT.
Долг 4,53 и висок 1,6 метри, самиот изглед на Tonale не е изненадување бидејќи производствена верзија силно се темели на концептот познат со години.
Во модерната внатрешност доминираат два екрани од 12,3 и 10,25 инчи, од кои оној што ги прикажува мерните инструменти е сместен во карактеристичните „цевки“.
Ако тоа не е доволно во понуда ќе биде и Q4 плаг-ин хибрид на база на 1,3 литарски мотор со 275 KS и електричен погон на задните тркала.
За некои пазари, вклучувајќи го и италијанскиот, Tonale ќе биде достапен и со 1,6 литарски 130-коњски дизел мотор.
Сите верзии, какви и да се, ќе бидат опремени со шест или седумстепени автоматизирани менувачи со двојна спојка.
Тоа значи дека се зачувува целокупната негова историја – сервисирањата, дефектите, километражата и друго, во единствена база на податоци.
Така, тој што ќе сака да купи половен Tonale, сите информации ќе му бидат при рака, а тој што го продава ќе може да бара повисока цена за него.
Тоа е она што Alfa Romeo сака да ни го каже за Tonale кој од средината на годинава ќе се произведува во погоните на Fiat во Помиљано д’Арко, Италија.