EV
Togg10X: 180 илјади порачки за 12 дена
Првиот турски електричен автомобил од претставувањето на 16.03 до денес 27.02 успеа да прибележи речиси 180 илјади порачки.
Првиот од серијата производи, Togg 10X, кој претставува SUV од Ц-сегментот за 12 дена откако е понуден во продажба забележа нешто под 180 илјади нарачки.
Проблемот е што за годинава производителот имаше предвидено производство на 12 илјади примероци, но по огромниот интерес бројката е покачена на 20 илјади единици.
Поради прикажаниот интерес, новите сопственици ќе се бираат преку лотарија, па кому се падне „зарчето“ тој ќе се вози со гордоста на турска автоиндустрија.
Цените воопшто не се толку популрани како што тоа го покажува интересот. Почетната цена на Togg 10X изнесува околу (конвертирано од турски лири) 47.500 евра.
За таа сума се добива базната верзија со е-мотор поставен на задната оска кој испорачува 218 КС, а автономијата на таквиот Togg 10X изнесува 314 км.
Со покапацитената батерија, автономијата се искачува на големите 523 км. а за тоа задоволство треба да се доплати околу 3.500 евра.
Верзијата со погон на двете оски – по еден е-мотор напред и назад – доаѓа само со поголемата батерија и ослободува силина од 435 КС.
Спортската 4WD верзија се очекува во последниот квартал од годината. Како што тргнале работите, по се изгледа производителот ќе мора драматично да ја зголеми продукцијата.