Актуелен Миг
Tipo Cross: Членот кој недостасуваше
Постојната гама на семејството Fiat Tipo составена од Hatchback, Sedan и Station Wagon верзиите сега се збогатува за уште еден член, Tipo Cross.
Гамата на каросериските изведби на Tipo добива ново друштво, кросоверот Cross. Новиот член се придружува на семејството кое е освежено како со нова естетика, така и со нови механички компоненти.
Промени има и во внатрешноста: нови се седиштата, таблата со инструменти е електронска и може да се конфигурира а тука е и поголемиот инфо-забавен систем со екран кој има дијагонала од 26 cm.
Обемни новини има и во механичката секција: познатата гама мотори со излезна моќност од 95 КС (бензин 1,4 и турбо дизел 1.3 литри) сега се проширува со целосно нов трицилиндерски турбо бензинец од 1.0 литри (100 КС) како и со 1.6 Multijet од 120 КС.
Cross изведбата со 7 цм подигнатата каросерија и кросовер обележјата прави јасна дистинкција од постарите членови на семејството.
На повисоко ниво е подигната и опремата во која се вклучени и автоматизирани функции овозможени од вградениот радар.
Првиот визуелен контакт остава многу пријатен впечаток, а кога ќе се погледне и цената (акциска) од 16.500 евра позитивните реакции преминуваат во достапна реалност.