EV
Thundertruck – див електричен теренец
Вака изгледа кога рекламна агенција ќе се нафати да дизајнира возило.
Од само ним познати причини, креативците од рекламната агенција Wolfgang LA дизајнираа див електричен теренец.
Наречено е Thundertruck и во спородба со него футуристичкиот пикап на Tesla изгледа некако млако и воздржано.
Направени (всушност нацртани) се две изведби – со 4×4 и 6×6 погон бидејќи електричната платформа дозволува поголема техничка слобода,.
Според авторите на ова дело, веќе се разговарало со потенцијални производствени партнери и инвеститори и ако идејата успее, цената на Thundertruck би изнесувала околу 70.000 долари.