EV
Tesla Roadster: Каде и кога ќе почне да се гради?
Tesla во своето портфолио веќе вклучува модели кои добиваат глобални димензии. Но каде во плановите за проширување остана најавуваниот спортист, Tesla Roadster?
На Tesla одлично и оди. На сите континенти. Производната линија постепено се збогата а паралелно со тоа се работи на усовршување на моделите. Но целава успешна приказна како да не е заокружена.
Пред две години беше најавен Roadster кој требаше да ја потполни сликата со импресивен спортски двосед. Плановите како да запнаа некаде, но сега најавите за сериско производство повторно се актуелизираат.
Лично Елон Маск деновиве изјави: „Сметаме дека во блиска иднина и за Tesla Roadster ќе има смисла да разговараме во Калифорнија“.
Значи, тоа ни кажува „каде“, но што е со „кога“? Муск продолжува: „Само замислете, во наредните 12 до 18 месеци, ќе имаме на располагање 3 нови фабрики. Работите изгледаат одлично со Giga Berlin, а ќе ги имаме и Cybertruck, Semi, Roadster, целоснoто автономно возило. Многу причини за возбуда“ – поентира Маск.
Иако Маск експлицитно не кажа, со голема веројатност може да се претпостави дека Roadster ќе почне да се произведува во матичната фабрика на Tesla во Фремонт, Калифорнија. Покрај веќе етаблираните Model S и Model X, таму во моментов се произведува Tesla Model Y, .
Крајот на 2021 е реален датум за очекување на сериското производство на импресивниот родстер, Roadster.