Видео

Tesla Model S Plaid постави рекорд на Лагуна Сека

Објавено на

Серискиот Tesla Model S Plaid којсе очекува идната година ќе има три мотори со заедничка силина од 1.100 КС. Прототипот се прошета по легендарната патека Лагуна Сека во време од 1:30,3.

Елон Маск никако нема да се помири со фактот да биде поспор од новодојденците, Porsche Taycan или Lucid Air.

Веќе за идната година е најавена серикса продукција на Tesla Model S Plaid која ќе има вградено нова технологија на батерии, и еднакво важно, три мотори со максимални 1.100 КС.

Потенцијалите на идниот спортист на Tesla на импресивен начин беа прикажани на легендарната Лагуна Сека. На видео приказот може да се погледне на кој начин е постигнато рекордното време за сериски возила на електричен погон од 1:30,3 секунди.

Апсолутниот рекорд за серикси возила го држи Mclaren Senna кој има за 3 секунди подобар резултат.

Интересен момент е што зад воланот на прототипот, Tesla Model S Plaid не се наоѓа некој професионалец туку познат „јутјубер“. Од сериската продукција, рекордерот Model S Plaid се разликува само по вградените седишта (поради безбедносни причини) како и спортските пневматици, Michelin Sport Cup 2.

Елон Маск очекува нов рекорд кој би бил не само најдобро постигнување помеѓу електричарите туку во апсолутна конкуренција. Ракавицата е фрлена, на потег се посочените конкуренти!

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.