Видео
Tesla Model S опточен со 24-каратно злато [видео]
На сите на кои Model S им е здодевен автомобил, компанијата Caviar им понуди посебна едиција.
Како основа е земена електричната лимузина на Tesla во црна боја бидејќи таа најдобро ги истакнува корекциите што ги направија.
Употребена е технологија на двојна галванизација, а резултатот можете да го видите на фотографиите и видеото.
Автомобилот кој ја има ознаката Model Excellence 24K ќе биде достапен за само 99 купувачи, кои за него ќе избројат по 299.000 долари.
Механиката не е менувана – Model S Plaid има три електромотора кои заедно испорачуваат 1.020 KS доволни за забрзување до сто километри на час за 2,1 секунда и максимални 322 km/h.
За крај само уште една работа – компанијата Caviar е со седиште во Русија.