EV
Tesla ќе плати 1,5 милиони долари заради софтверски баг
Сите што работиме со компјутери знаеме какви маки можат да ни предизвикаат апдејтите на софтверот, ама тоа го дознаа и сопствениците на Tesla Model S.
Се работи за 1.743 возила на кои во август 2019-тата преку интернет им бил ажуриран софтверот на нивните автомобили, после што капацитетот на батериите им бил за 10 отсто помал.
На крај, во март 2020-тата проблемот софтверски бил решен кај 1.552 возила, на 57 батериите морале да бидат заменети, а останатите сé уште чекаат решение.
Заради сето ова, калифорнискиот производител ќе им плати отштета од вкупно 1,5 милиони долари, што е повеќекратно отколку вистински проценетата штета што ја имале сопствениците на засегнатите возила.
Microsoft и нашите копии на Windows што ги имаме на компјутерите намерно не ги споменуваме.