Откако и самиот тој лани пред крајот на годината се пресели во Тексас, Илон Маск најави дека планира таму да го пресели и седиштето на Tesla.
Причината како што им кажа на акционерите на годишното собрание, е подобрата пристапност до работната сила.
Конкретните зборови му беа дека на луѓето им е проблем да си дозволат да живеат во Силиконската долина каде сега е Tesla и на работа доаѓаат од далеку.
За разлика, новата фабрика што се гради во Остин каде ќе биде седиштето на компанијата е оддалечена 5 минути од аеродромот и 15 од центарот на градот.
Она што не го кажа е дека Тексас има пониски даночни стапки и поповолна деловна политика во однос на Калифорнија, со чии власти тој уште лани се поткара.
Причината беше што тој не сакаше да ја затвори фабриката во Фримонт заради ковид-мерките, но со сила беше приморан да го стори тоа.
Згора на тоа, на југот на Тексас се гради и ново лансирно место на неговата ракетна компанија SpaceX, па така…