Во светот

Tesla ги обнови Model S и Model X

Објавено на

 

Задржувајќи ја практиката за постојано усовршување, Tesla ги обнови електричните Model S и Model X.

Измени има доста, од кои од техничка страна најзначајна е додавањето на новите Plaid варијанти со три електромотори и вкупна моќност од цели 1.020 KS. Експлозивноста на сета оваа сила е доволна Model S да забрза до 100 km/h за само 2,1 секунда и да постигне максимални 322 km/h.

Според ценовникот на Tesla, Model S во оваа верзија чини дури 119.990 долари, без субвенции, за кои идните сопственици ќе можат да уживаат во автономија од 628 километри со едно полнење.

Кому ова му е малку, за екстра 20.000 долари ќе ја добие Plaid+ верзијата со повеќе од 1.100 коњи и 837 km автономија.

Во понуда останува основната Long Range верзија со два електромотора, автономија од 663 km, максимална брзина од 250 km/h и забрзување до 100 km/h за 3,2 секунди, со цена од 79.990 долари што е за околу десет илјади повеќе отколку досега.

Големи измени има и во внатрешноста каде централниот екран од 17 инчи не е повеќе вертикално поставен. Пред возачот е дигитална инструмент табла од 12,3 инчни, а додаден е и трет, 8-инчен екран кој се наоѓа во задниот дел на конзолата и е наменет за патниците назад.+

Најнеобичната нова карактеристика е футуристичкиот управувач прв пат виден во концептот Roadster. Тој веќе не е тркалезен, нема горен дел а долниот му е рамно обликуван, со што наликува на нешто што може да се најде во тркачките автомобили или авионите.

Сето ова набројано го содржи и Model X, кој има нешто послаби перформанси и во Long Range изведбата за 10 илјади долари повисока цена. Верзијата Plaid+ кај него не е достапна, додека Plaid чини исто колку и Model S.

Првите испораки на Model S ќе бидат во март, на Model X во април, а на Plaid+ варијантата при крајот на годината.

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.