EV
Tesla во Берлин може да вработи и до 40.000 луѓе
Американскиот производител на електрични возила најави вработување на 12.000 луѓе во фабриката која се гради во близината на Берлин.
Tesla со производство во оваа фабрика сместена во шумовит крај на 30-тина километри југоисточно од главниот германски град треба да започне летово.
Но Елон Маск има намера да изгради и погон за производство на батерии, најголем во состав на компанијата, со што заедно со засега хипотетичкото проширување на капацитетите, фабриката би вработувала дури 40.000 луѓе.
Сепак ова се само планови на хартија чие остварување воопшто не е извесно.