Индиската Tata е позната по најмалиот современ автомобил Nano, ама она по што не е позната е најмалото оклопно возило.
Означено како MBPV која е кратенка од Micro Bullet-Proof Vehicle што доволно добро ја означува неговата намена, светот сé уште не го познава иако се произведува низа години.
Но и покрај тоа спецификациите не му се познати, туку само општите особини, како што е антибалистичката заштита од пешадиско оружје, а има вградено пушкарници на сите страни.
Наменето е за антитерористички акции и блиска борба во затворени простори – трговски центри, аеродроми и слични објекти, заради што може да се качува по скали.
Одличните маневарски својства се добиени со управувањето на сите четири тркала, а подвижност (и бесшумноста, што е доста важно) ја обезбедува електро-погонот.