Suzuki е една од ретките компании кои во гамата имаат и автомобили и мотоцикли.
Тој факт го искористија студентите од IED – Istituto Europeo di Design од Торино кои во соработка со јапонскиот производител го креираа концептот Misano.
Настанат е со замисла да ги спојува двата вида возила преку комбинација на спортскиот дух и практичноста на автомобилите на Suzuki со светот на мотоциклите.
Во основа е електрично спортско возило долго 4 и широко 1,7 метри и има четири електромотори, ниско тежиште и тандем конфигурација на седишта.
И управувачот му е комбинација од двата света – со него возилото се управува, забрзува и кочи без симнување тргање на рацете, токму како и кај мотоциклите.
