Видео

Suzuki Hayabusa: Кралот се врати! [видео]

Објавено на

 

Луѓето полека почнаа да заборават на него, но на чекањето конечно му дојде крај – Suzuki ја претстави третата генерација на Hayabusa.

И веднаш спор – дали е нов или не е? Јапонците велат, да, бидејќи има изменето преку 500 делови, а заколнатите фанатици, не, затоа што наводно само малку на него било целосно ново. Но вистинскиот одговор е дали навистина треба да биде нов, бидејќи ако издржа цели 14 години таков каков беше, зошто воопшто да се менува?

Ќе им ја оставиме дискусијата на оние што сметаат дека најдобро го познаваат најбрзиот мотоцикл во светот за кој се знае дека без проблем стигнува до повеќе од 300 km/h.

А ние ќе разгледаме што е ново (или „ново”) кај новиот Suzuki Hayabusa.

Рамката главно останала иста, со мали измени (задната подрамка е за 680 грама полесна), а четирицилиндричниот агрегат од 1.340 кубни сантиметри е прилагоден на новите стандарди. Спецификациите останаа непроменени – 190 KS и 150 Nm, ама во него многу што е изменето.

Затоа, пак, карактерот му остана ист – сивиот сокол и понатаму е птица грабливка  која сега располага со поширок спектар сила на ниски и средни вртежи.

Тоа значи дека е повозбудлив за возење, за што придонесува и новиот пакет електроника.

Сето тоа е заокружено со целосно подесливото KYB ослонување, Brembo Stylema сопирачки систем, ковани алуминиумски тркала …

Има и други интересни работи, меѓу кои е и активниот систем за ограничување на брзината, кој може да биде навистина корисен. Сето ова си има и своја цена, која баш и не е, а и не може да биде ниска.

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.