Во светот

Suzuki Across: меѓујапонска соработка

Објавено на

 

Како плод на воспостваената соработка помеѓу Suzuki и Toyota доаѓа новиот SUV претставник Suzuki Across кој во суштина е само преоблечен RAV4.

За сега Suzuki во своето портфолио вклучува само SUV возила. Ова може да биде променето во блиска иднина, кога се очекува Toyota Corolla со ознаките на Suzuki.

До тогаш ќе треба соработката помеѓу јапонските производители да биде материјализирана само преку Across кој всушност претставува копи-паст на актуелниот RAV4.

Во принцип говориме за хибридна верзија која за погон користи голем четирицилндарски бензинец од 2.5 литри кој ослободува 179 КС.

Тој ги придвижува предните тркала, а интегралниот погон го обезбедуваат два електромотори поставени на задната оска.

Американските купувачи очекуваат системската силина да биде идентична како и кај оригиналот, односно 302 КС.

Интегралниот погон во Suzuki е наречен “E-Four electronic 4×4 system” кој е само поинакво име за „on demand all wheel drive“ системот на Toyota.

Разликите помеѓу двата братски модела се сведуваат само на благ редизајн на предниот дел и светлосната група на задниот дел. Останатото е безмалку идентично, што во суштина и не е воопшто лоша идеја.

Први купувачи на Suzuki Across ќе бидат американците, останатите пазари ќе попричекаат малку, а се ќе зависи од реакциите кои ќе пристигнат од западната страна на Атлантикот.

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.