EV
Subaru BRZ сега уште побрз [2*видео]
Уште малку па девет години откако Toyota и Subaru го поставија задоволството во возењето на врвот на листата карактеристики на заедничките GT86 и BRZ.
Љубителите на адреналинот беа среќни, но не докрај – Јапонците им останаа должи за една помоќна верзија на своите спортисти.
Сега веќе немаат причина да се лутат – втората генерација на мускулестите купеа пристигнува со посилен мотор и унапредени перформанси.
Спарен со шестстепен мануелен или автоматски менувач, тој нив ќе ги пренесува на задните тркала, што е формулата за целосно задоволство во возењето.
Ослонувањето еволутивно е модификувано, тежиштето сега е уште пониско, а значајно подобрување на возните својства донесе и новиот систем за контрола на стабилноста.
Должината на BRZ е зголемена за 30, височината намалена за 10, меѓуоскиното растојание продолжено за 5 mm, а тежината со употреба на алуминиум од кој се покривот, крилата и хауба задржана на 1.315 kg.
Ова 2+2 купе сега има поатрактивен изглед на кој се истакнуваат новите предни светла и хауба, изменетите браници, пошироките блатобрани, интегрираниот заден спојлер и двете издувни цевки.
Внатрешноста доби поквалитетни материјали и помодерни технологии изразени преку дигиталната инструмент табла, инфозабавниот систем со 8-инчен екран, Subaru EyeSight комплетот за асистенција на возачот и друго.
Во очекување на неговиот брат близнак од Toyota се дознава дека во согласност со номенклатурата на поновите спортски модели веројатно ќе ја има ознаката GR 86.