Оптималното искористување на капацитетите е клучно за намалување на производствените трошоци за електричните возила.
Затоа и Stellantis намерава целосно да ги измеша местата каде ќе ги произведува новите модели од разни брендови.
Според плановите, Opel Insignia и идниот голем електричен SUV кој најверојатно ќе ја има ознаката DS 9 Crossback ќе се произведуваат во Италија.
Тие треба да пристигнат во 2024-та, а една година после нив, исто од Италија, ги очекуваме DS 7 Crossback и нејзиниот сестрински модел Lancia Aurelia.
Но затоа пак наследникот на Lancia Ypsilon ќе доаѓа од Шпанија, а новата Fiat Panda од Србија или пак Словачка.