Во светот

Stellantis ја менува продажната тактика

Објавено на

 

Раководството на новоформираниот Stellantis непријатно ги изненади своите продажни партнери – им ги раскинува договорите.

Според вестите што стигнуваат, француско-италијанско-американската група на радикален начин планира целосно да ја обнови својата мрежа дистрибутери.

Првиот чекор е раскинувањето на договорите што ги има со сите, без разлика која марка застапуваат, но со отказен рок од две години кој треба да обезбеди континуитет на продажбата.

Веднаш потоа ќе се започнат разговори со оние компании кои се избрани и кои во иднина ќе сакаат да соработуваат со нив, односно со оние што ќе ги прифатат новите услови за работа.

Во разговорите со идните дилери најважни ќе бидат моменталните продажни резултати, стабилноста на компанијата и можноста за синергија меѓу поедини марки од концернот.

Целта е да се постави модел на дистрибуција заснован на ефикасна локална мрежа со високи перформанси и со повеќе марки во своето портфолио.

Тоа значи дека новоизбраните застапници ќе мораат да ја прошират својата понуда, со што се смета дека ќе се осигура развој на продажните и постпродажни услуги.

Се очекува првите „отказни решенија“ да бидат доставени до дистрибутерската мрежа некаде во јули.

 

 

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.