EV

STELLANTIS е новото заедничко име на PSA и FCA групациите

Објавено на

 

Договорот за спојување помеѓу групациите Peugeot SA („Groupe PSA“) и Fiat Chrysler Automobiles (FCA) објавен на 18 декември 2019 година, финишира со објавување на името на заедничката групација – STELLANTIS.

STELLANTIS има свои корени во латинскиот глагол „стело“ што значи „осветлено со везди“.

Новото и амбициозно спојување на автомобилските групации во однос 50:50 создаваат еден од новите лидери во ерата на мобилност во иднина, а во исто време ги зачувуваат сите исклучителни вредности на неговите составни компании.

Латинското потекло на името STELLANTIS оддава почит на богатата историја на нејзините основачки компании додека евокацијата на астрономијата го доловува вистинскиот дух на оптимизам, енергија и обновување, возејќи го ова спојување која ќе ја менува целата индустријата.

Името STELLANTIS ќе се користи исклучиво на ниво на Групацијата, како корпоративен бренд.

Следниот чекор во процесот ќе биде откривањето на лого кое со името ќе стане идентитет на новата корпорација. Имињата и логоата на составните брендови на STELLANTIS групацијата ќе останат непроменети.

Како што беше кажано претходно, завршувањето на проектот за спојување се очекува да се случи во првиот квартал на 2021 година, спрема вообичаените услови за затворање, вклучително и одобрување од акционерите на двете компании и на нивните вонредни Генерални собранија и одобрување од антимонополни и други регулаторни барања.

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.