EV
SsangYong e-SIV Concept: Самостојно и на струја
На салонот во Женева, SsangYong амбициозниот SUV специјалист од Кореја претстави концептна изведба на целоно електричен кросовер кој има вграден систем од трето ниво за сопствено управување.
Прво што паѓа во очи е новиот визуелен пристап кој најверојатно ќе ги карактеризира идните модели на марката. Производителот посебно го истакнува поволниот коефициент на аеродинамика кој треба дополнително да придонесе кон економичната екплоатација.
Засега е сопштено дека компактниот кросовер ќе го придвижува електромотор од 140 kW (190 KS) кој ќе има енергија, со едно полнење на батериите, да помине растојание од 450 километри.
Од останатите адути со кои раполага концептниот модел се истакнува автономното управување од „Level 3“ нивото. Кај современите возила од овој тип, конективноста се смета за неодминлива појава.
SsangYong e-SIV Concept е поставен на нова платформа со меѓусокино растојание од 267 cm додека со вкупната должина од 446 cm кросоверот се сметува во класата на компактни возила.
Иако точниот датум на (извесното) сериско производство сеуште не е соопштен, реално е да се очекува брза појавување на e-SIV Concept на светските пазари.