Во светот
SsangYong го обнови Rexton
Јужнокорејскиот SUV-специјалист SsangYong го подготви големиот Rexton за нови пазарни предизвици.
Првите фотографии на SsangYong Rexton покажуваат комплетно изменет преден дел со поголема саќеста маска, нови светла, друг браник, како и дотеран заден дел со нови LED светла и хромирана лајсна.
Освен тоа, меѓу останатото доби и адаптивен темпомат кои веќе се нуди во Korando.
Димензиски Rexton остана на своите 4.850 mm должина, 1.960 широчина, 1.825 височина и со меѓуоскиното растојание од 2.865 mm.
Деталите за моторизацијата ќе бидат објавени на 4 ноември, за кога е закажана официјалната презентација.
Сегашната генерација на Rexton е претставена пред три година. Претходната, прва генерација се произведуваше цели 17 години.