Unite Gallery Error:

Gallery with alias: SmartForeasePlus not found
Smart forease plus Concept: последен чекор до потполна електрификација - Autoinfo.mk

Во светот

Smart forease plus Concept: последен чекор до потполна електрификација

Објавено на

 

До 2020 година моделите на Smart ќе бидат придвижувани исклучиво со електрични мотори. Како меѓумодел на престојниот салон „Женева 2019“ ќе биде прикажан концептот, Smart forease plus.

Мало, стилско индивидуално и динамично. Тоа се својствата на секој модел на Smart. За секој од нив – fortwo, fortwo cabrio или forfour, важат истите карактеристики.

Како директен наследник на EQ fortwo cabrio, на Geneva Motor Show, Smart го прикажува forease+ кој е естетски преработен и кој носи сосема нов отсранлив покрив.

Тоа всушност е олдичена промоција за поптолна електрификација на целата гама на Smart која треба да се случи во текот на идната година.

Со тоа Smart станува првиот светски производител кој во своето производно портфолио ќе има само возила на електричен погон.

Што се однесува до Smart forease+ тој има цела низа детали што создаваат посебно префинето есетско чувство.

Посебност во однос на базичната изведба е кровот кој сега е изработен од посебно цврст и лесен материјал и обложен со ткаенина.

Тоа на forease+ му овозможува возење преку целата година а воедно и лесно вадење или позиционирање на два нивоа на отварање.

Во внатрешноста исто така има префинети детали со кои се дава до знаење дека се управува со еколошки чисто, електрично возилце.

Ете тоа е начинот на кој Smart ги најавува престојните суштински промени кај своите возила.

 

 

 

 

 

Click to comment

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.