EV
Smart се врати на сцената
[фото-галерија]
Некогаш доста успешната марка која беше на заминување во историјата, ја спаси кинескиот Geely, вдахнувајќи ѝ нова доза живот.
Сведочиме на новиот старт на Smart, овој пат сосема поинаков од порано, иако во истиот дух – да биде марка возила забавни за возење.
Доволно е да се каже дека конкуренцијата ја гледа во моделите како што е Hyundai Kona, но и Volkswagen ID.3, кои, исто како него, се електрични.
Поставен е на нова платформа која Geely ја разви целосно да биде прилагодена на електриката, што значи дека ќе нема други погонски можности.
На почетокот ќе има само изведба со еден електромотор сместен назад, кој максимално испорачува 272 KS и може да постигне 180 km/h.
Попростран од Mercedes E-класа, барем така тврдат, го прави умно конструираната кабина која е добро пополнета со мноштво модерна опрема.
Производството ќе започне подоцна годинава, а првите испораки треба да се случат во декември, по засега непозната цена.