Во светот
Škoda Slavia – практична лимузина за пристојна цена [фото галерија, видео]
После серија најави, Škoda и официјално го претстави новиот модел, класичен триволуменски компактен седан резервиран за Индија.
Носи име Slavia и навистина е штета што вакви пристојни лимузини Škoda повеќе не продава на пазарите во Европа, ако не на сите барем на источните каде секогаш добро поминуваа.
Поставена е на варијанта на MQB платформата што чешкиот производител ја има посебно развиено само за Индија, која ѝ дава должина од 4,54 и меѓуоскино растојание од 2,65 метри.
Со други зборови, Slavia е поголема од првата генерација на Octavia од која се разликува и по тоа што е класичен седан, без петта врата на багажникот во кој собира 521 литар.
Дизајнирана е налик на Fabia, од каде е и преселен поголем дел од со опрема и квалитетни материјали добро пополнетата и пространа внатрешност.
Сериозно е пристапено и кон безбедноста, а за перформансите ќе се грижат трицилиндричен 1,0 литарски со 115 и поголемиот 1,5 литарски мотор со 150 KS.