Во светот
ŠKODA SCALA: Golf конкурент со техника од Polo
Со појавувањето на Scala, Golf добива уште еден конкурент смислен и осмислен од инженерска екипа сместена во сопствената куќа. Дали е ова најава за братоубиствена војна или сепак смислена стратегија за привлекување нови купувачи.
Логично звучи прашањето, дали е на повидок нов внатрешен конкурент во самата Volkswagen групација? Иако на прв поглед можеби така изгледа, сепак веројатноста тоа да се случи е сведена на ниво на здрав разум.
А здравиот разум говори дека во сегментот треба да се погрижи некој за бројните конкуренти кои со пониски цени, гомила опрема и одлични гаранции, сериозно го загрозуваат владарот.
Со меѓусокино растојание на MQB-A0 платформата од 265 cm (идентичната платформа во Polo е за 10 cm пократка), ŠKODA SCALA се сместува на средина од конкурентските модели.
Ако тука ја ставиме и задната полукрута оска (веќе станува стандард во класата) новиот член на друштвото се детерминира со вградување на мотори кои не надминуваат 150 КС.
Со таквата архитектура Skoda Rapid Spaceback, кој се смета за легитимен претходник, уште во старт е сериозно надминат.
За илустрација ќе ги споменеме и моторите: два трицилиндрични бензинци со 95 и 115 КС, еден со четири цилиндри и 150 КС како и еден дизел со 115 КС се најавени е ергелата највена за лансирање на моделот.
Три менувачки кутии ќе служат во Scala од кои автоматикот со седум степени е предвиден само за најсилната верзија.
„Simply Clever“ филозофија на пристап ќе се огледа во примена на бројните конективните технологии (Apple CarPlay, Android Auto und MirrorLink) како и во организацијата на внатрешниот простор.
Кога ŠKODA SCALA ќе се погледне однадвор таа многу повеќе наликува на Audi A3 Spotback отколку на Golf. Гледајќи го тоа легитимно е да го поставиме прашањето, нели можеби е тоа Audi за купувачи со поскромни примања.