Видео
Škoda Fabia Monte Carlo: Нов адут од Млада Болеслава [2*видео]
Покрај караванска, четвртата генерација на Škoda Fabia нема да добие ниту спортска RS верзија, така што ова треба да биде најблизу до тоа.
Звучното име Monte Carlo, најмногу на што можат да сметаат, ќе им донесе двобојна црвено-црна каросерија со LED елементи и 17-инчни тркала.
Кој сака ќе добие и од 18 инчи, а сите ќе добијат школкасти седишта и моќен инфо-забавен систем за поголемо уживање во возењето.
Заедно со седумстепениот автоматизиран менувач тој ќе го забрза новиот адут од Млада Болеслава до стотка за 8,0 секунди и до максимални 225 km/h.
За повеќе од тоа во субкомпактна каросерија ќе мора да се обратите до Волфсбург, Барселона или Инголштат.