EV
Skoda Fabia: Благ редизајн со збогатување на опремата
Škoda го освежи и го наполни со технологија својот популарен модел од „Б“ сегментот, со што поединечни технологии за активна безбедност се спуштаат во пониските сегменти на возилата на Škoda
Понудата на алуминиумски фелни кај хечбек верзијата е проширена со гуми од 18 инчи.
Fabia доби и нови системи на асистенција, со што поединечни технологии за активна безбедност се спуштаат во пониските сегменти на возилата на Škoda. Автомобилот е опремен со електронски систем за воочување на другите автомобили кои што се наоѓаат во мртвиот агол и предупредување на возачите за нивно присуство.
Škoda во новата Fabia го унапреди и мултимедијалниот систем Swing кој сега има 6,5 инчен екран. Во верзијата со вграден навигациски систем, на возачот на располагање му се сервисни информации за состојбата и условите во сообраќајот во реално време.
SmartLink+ технологијата со функциите Apple CarPlay, Android Auto, MirrorLinkTM и SmartGate овозможува едноставно поврзување со smart уреди и пренесување на нивната содржина на екранот од мултимедискиот систем на Fabia.
Рестилизираната Fabia наскоро ќе пристигне во Македонија.