EV

Škoda Enyaq iV Coupe: Уште поелегантен и попргав [видео]

Објавено на

 

Сосема солидната продажба на електричниот SUV на Škoda во иднина ќе биде уште подобра – нејзината купе верзија одушевува со својот изглед.

Новиот Enyaq Coupe iV е поелегантна и попргава алтернатива на чешката електричната гордост и ќе се произведува на истото место, во фабриката на Škoda во Млада Болеслава.

Додека однапред владеат познатите црти, задниот дел со своите остри рабови е сосема нов и му дава далеку подинамична силуета.

За изгледот придонесува и црниот панорамски стаклен покрив кој се протега по целата должина, визуелно спојувајќи се со ветробранските стакла напред и назад.

Претставителноста е нагласена со црните контрастни елементи, тркалата меѓу 19 и 21 инч и уникатната Crystal Face маска осветлена си 131 LED сијаличка.

Škoda ќе го нуди Enyaq Coupe iV со две големини на батериите, четири различни моќности и погон само на задните или на сите тркала.

На врвот на понудата е RS верзијата која има батерии од 82 kWh и два електромотори со вкупна моќност од 299 коњски сили и намален клиренс за 15 милиметри.

Истиот погон но со 265 коњски сили го има и 80x изведбата, додека верзијата со ознаката 80 и погон само на задните тркала има 204 коњски сили.

Основната варијанта Enyaq Coupe iV 60 има батерии од 62 киловат-часа и еден електромотор од 179 коњски сили кој ги задвижува задните тркала.

Новиот модел треба да се најде во продажба во текот на април, кога ќе ги дознаеме цените и подеталните спецификации.

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.