EV
Škoda претстави спортска верзија на Enyaq iV
Понудата на електричната Škoda Enyaq iV е проширена со атрактивната Sportline верзија.
Во Škoda за Enyaq Sportline iV предвидеа малку подотеран дизајн со преден дел со глос-црни елементи на маската, кровните носачи, рамките на стаклата и задниот браник, како и 20 или 21-инчни тркала.
Може да се бира меѓу три верзии – Enyaq Sportline iV 60 со 180 KS и батерии од 62 kWh со автономија од 400 km, потоа iV 80 со 204 KS и 82 kWh батерии кои му дозволуваат поминување на 520 km, како и најмоќната iV 80x верзија со 265 KS, истите батерии и погон на сите тркала.
Сите верзии имаат максимална брзина ограничена на 160 km/h.