EV

Škoda го обнови Kodiaq [видео]

Објавено на

 

Во досегашното издание издржа пет години и време му беше за обновување.

Škoda Kodiaq се појави 2016 година и веднаш стекна голема популарност – се произведува во пет фабрики и досега е продаден во повеќе 600.000 примероци.

За да го задржи успехот освежувањето беше неопходно, иако на прв поглед е многу тешко да се забележат измените кои се повеќе од козметички.

При обновувањето експертите на Škoda се воделе од тоа тие да бидат функционални, заради што треба да се ѕирне во техничките податоци каде ќе се забележи присуството на бензинска место дизел RS изведба со 245 KS.

Основен и понатаму е 1,5 литарскиот TSi со 150 KS, кој е единствен кој може да се добие со шестстепен мануелен менувач.

Во избор уште се и посилниот 2,0 литарски мотор со 190 KS и исто толкавите дизели со 150 или 200 коњски сили.

Продажбата на обновениот Kodiaq во Европа ќе започне во јули.

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.