Видео
Singer 911 ACS – теренски Porsche 911 [видео]
Ако Cayenne и покрај теренските возни својства не е баш вистински теренец, тоа не може да се каже за Singer 911 ASC.
Проект е на компанијата Singer Vehicle Design специјализирана за реставрација и преработка на возилата од германската марка според желбите на своите клиенти.
Еден од нив посакал нешто токму вакво – комбинација на 911 и 959 инспирирана од златната ера на Porsche од ’80-тите со изразени шампионски рели карактеристики.
Резултатот наречен 911 ACS што е кратенка од All-terrain Competition Study го гледате. Браво за сработеното!