Актуелен Миг

Shooting brake во изведба на Kia

Објавено на

 

Proceed, третата каросериска изведба на компактот Ceed, доаѓа во оригинална постава при што ги комбинира спортскиот темперамент со практичната употребливост. Денеска ни беше претставен, а веќе е во понуда во домашните салони на Kia.

Кога ќе се споменеше Proceed, веднаш ни стануваше јасно дека збориме за спортска изведеница на компактниот Ceed.

Од друга страна реалноста секојдневно не убедува во принципот на работа на Kia кој предвидува перманентен притисок врз конкуренција наметнувајќи жестоко темпо во претставувањето на нови концепции.

Погледнете го новиот Proceed и веднаш ќе ви стане јасно. Вакво оригинално парче автомобил нема да најдете кај ниту еден конкурент.

Едноставно, ова е оригиналот. За да бидеме доследни, слична концепција на спортски каравани (комерцијално наречени, shooting brake) нудат германските премиум брендови, но сепак тие се ценовно (пре)далеку за да говориме за некаква конкуренција.

Додека стратезите на мас-брендовите се чешат зад сопствените уши, накратко да погледнеме до каде дофрли технолошкото копје на Kia. На познатата, К2 платформа врз која е изграден и основниот Ceed, се надоградува каросерија со каравански, спортски облик.

Воедно должината се зголемува на поприлични 461 cm што овозможува нова архитектура во внатрешноста и практичен багажник кој може да прими 594 литри. Дали е ова најава за преминување на сопствената класа?

Ако судиме спрема содржината – секако да!

Тоа најдобро го објаснува, GT изведбата во која е вграден турбо мотор со директно вбризгување од 1.6 литри – неговите 204 КС доаѓаат во комбинација со 7-степенски автоматик. Убава најава со спортски перформанси, но всушност убавината со која се расфрла овој Proceed е и во максималните количини на опрема, во изработката и употребените материјали, во пристапот, во квалитетот.

Освен моторот за максимални перформанси, Proceed може да биде понуден и со турбо мотори од 120 и 140 КС како и со еден дизел од 136 КС, но сите тие можат да бидат понудени само во GT Line изведби, што претставува малку поскромна верзија на топ-моделот.

Цените за Proceed започнуваат од 24.990 за бензинецот од 120 КС па се до 33.390 евра, колку домашниот увозник бара за најспортската GT верзија. Пред да донесете било каков заклучок би ви предложил да појдете до салонот на Kia и лично да се запознаете со новиот Proceed.

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.