EV
Seat и Cupra најавија 7 милијарди евра инвестиции и нов SUV [видео]
Мобилизирајќи ги своите ресурси, Seat и Cupra, со издашна помош од концернот VW, ги најавија своите планови за иднината.
Приоритет во делувањето на шпанските марки ќе биде големото вложување во електрификацијата во висина од 7 милијарди евра.
Целта е Seat да се вклопи во сешпанскиот проект за електрификација на земјата со изградба на фабрика за батериски ќелии во близината на Валенсија.
Таа треба да има годишен капацитет од 40 GWh и да вработува повеќе од 3.000 луѓе, а би требало да биде подготвена за старт во 2026-та.
Планиран за 2024 година, треба да има должина од околу 4,5 метри и во плаг-ин верзијата да поминува стотина електрични километри а ќе се произведува во Унгарија.