EV
Rolls-Royce Spectre го заврши зимското тестирање [видео]
Првиот целосно електричен модел на Rolls-Royce ги одработи тестирањата на арктичкиот круг.
Како и секој друг нов модел на луксузната марка, така и Spectre поминува низ целосни испитувања на издржливоста во својот развоен циклус.
Зимските тестирањата се спроведоа во Шведска на само 55 km од арктичкиот круг, каде температурите се движат меѓу 26 и 40 степени под нулата.
Како изгледаа, може да погледнете во видеото што ни го сервираше прес-службата на Rolls-Royce.
Да напоменеме и дека е планирано прототипите на Spectre да поминат 2,5 милиони тест километри.