Во светот

Rolls-Royce Motor Cars: рекордна продажба во 2022 година

Објавено на

 

За прв пат во својата историја Rolls-Royce успеа да продаде над 6 илјади возила.

Британскиот луксузен бренд својата 118 годишнина од основањето ја прослави со историски продажен рекорд.

Вкупно 6.021 возило во период од 12 месеци излегоа од фабриката во Годвуд, бележејќи раст од 8% во однос на 2021 година.

Големите можности за персонализација на моделите придонесоа и за зголемени приходи од проддените возила.

Се рачуна со податокот дека просечната цена по продаден примерок изнесува околу половина милион долари.

Како најголеми лубители на најлуксузниот светски бренд се јавуваат американците, а големиот кинески пазар е од исклучително значење за Rolls-Royce.

Традиционално, Блискиот исток сака да се луксузира во моделите со двојно „R“ поставен на големата хауба, што за производителот беше непогрешлив знак за отварање на House of Luxury во Дубаи.

Патем кажано тоа е првиот таков по матичниот салон во Goodvood, во кој се влегува само со претходна покана од производителот.

Одличниот тренд се очекува да продолжи и годинава, резервациите се скоро затворени, вклучувајќи го тука и првиот целосно електричен Rolls-Royce Spectre.

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.