Во светот

Robocar без возач на Goodwood Festival of Speed (видео)

Објавено на

 

Сите возила на Goodwood Festival of Speed имаат возачи зад управувачот, добро скоро сите, освен Mustang и Robocar кои го искачуваат славното брдо со автономно возење.

На фестивалот на брзината во Гудвуд секоја година се прикажува најбрзото од најдоброто. Тука производителите често знаат и премиерно да претстават свој спортски модел со амбиции за постигнување на комерцијален успех.

Во таа технолошка трка сега се вклучуваат и брендовите кои развиваат спортски модели, и тоа управувани без помош на возач. На годинешниот Гудвуд такви беа Mustang и Robocar произведен од компанијата Roborace.

Американците од Ford за својот спортист користат технологија развиена од Siemens која се базира врз прецизно скенираната 3D мапa на патеката. Тоа значи дека возилото е програмирано за спортсо поминување на патеката, но зад управувачот сепак постои возач кој е тука за случај, ако нешто тргне наопаку.

Од друга страна Robocar е целосно автономно возило чие движење се базира на податоците од системот на визуелно покривање на поле од 3600 кој се состои од камери, радари и сензори.

Интересно е што Robocar не користи податоци од GPS уредите поради можната попреченост на сигналот додека возилото ита помеѓу балите сено на брдовитата патеката со должина од 1.87 км.

Robocar се движи со помош на четири електромотори кои заеднички развиваат преку 500 КС, а неговиот витален контролен дел со состои од Nvidia Drive PX2 комјутер кој ги менаџира влезните податоци и издава команди за однесување на возилото.

Официјално ова е првото возило кое самостојно ја помина патеката на Гудвуд и како такво ќе биде запишано во историјата на „фестивалот на брзината“.

 

 

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=Ucrh1XTR-bE[/tube]

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.