Во светот
Rimac отвори салон во Шангај
Како дел од последните подготовки за лансирањето на C_Two, Rimac отвори продажен салон во Шангај.
За таа цел хрватскиот производител на електрични суперавтомобили влезе во партнерство со групата Kingsway која ќе му помогне во освојувањето на кинескиот пазар, вклучувајќи ги и Хонг Конг и Макао.
Rimac досега има воспоставено продажна мрежа во Велика Британија, Германија, Шпанија, Обединетите Арапски Емирати, Сингапур, Јапонија, САД, Канада и Мексико.
Досега веќе се направени шест примероци од претпродукциската серија.
Кога ќе почне да се продава, Rimac C_Two постигнувајќи 100 km/h за само 1,85 секунди ќе биде автомобил со најдобро забрзување во светот.
Максималната брзина му изнесува 412 km/h, а со едно полнење на батериите може да помине 550 km.