Видео
Rimac искрши два автомобила вредни 5 милиони долари [видео]
А ќе искрши уште 9 – сите за потребите за добивање хомологација за да може да се продава.
Сé уште во фаза на тестирања, електричниот хиперавтомобил C_Two на Rimac мора да ги помине и ваквите тестови.
Во видеото стручњаците од компанијата објаснуваат како се изведуваат краш-тестовите и зошто тие служат.
Изведените два краш-теста се симулација на директен судар во друго возило, со 40-отстотно преклопување, еден при брзина од 40 km/h, а вториот при 56 km/h.