EV
Rimac го презема Bugatti (видео)
Според неофицијални информации, зделката веќе била одобрена
Претстои ли голема експанзија на Rimac Automobili? Иако неофицијално, бомбастичните информации дека хрватскиот производител на електрични суперавтомобили ќе го презеде Bugatti звучат реално.
Извршните директори на Volkswagen групата наводно минатата недела веќе ја одобриле трансакција и сега се чека финалното „да“ на надзорниот одбор.
Деталите за оваа прилично неверојатна и неочекувана комбинација не се познати.
Се шушка дека VW ќе задржи контрола над дел од својот производител на престижни суперспортски автомобили, но и со делумна сопственост над Bugatti, макар и малцинска, имиџот на Rimac Automobili ќе биде лансиран до стратосферата.
Оваа компанија основана пред 11 години од сега 32-годишниот Мате Римац веќе има соработка со, според неговите зборови, вкупно 15 звучни имиња од светот на автомобилите, меѓу кои и Aston Martin, Koenigsegg, Seat, Hyundai и други.
Во секој случај, од овој потег на VW ако воопшто се случи, може да се изродат доста интересни нешта. Останува да видиме колку долго ќе чекаме на електричен Bugatti со хрватска технологија.