Видео

Rezvani Hercules 6×6: Ѕверски пикап со ѕверска цена [видео]

Објавено на

Компанијата Rezvani Motors од Калифорнија, позната по својот теренец Tank и спортскиот Beast, има ново чудо за фалење.

Базиран на Jeep Gladiator, овој монструм од пикап со право е наречен Hercules 6×6 – не само заради неговите шест тркала.

Изгледот доволно кажува зошто, а она што не се гледа се моторите од FCA групацијата.

Основниот е 3,6 литарскиот Pentastar V6 со 285 коњски сили, вистинскиот 6,4 литарскиот HEMI V8 со 500 КС, а кој сака ќе го добие и со 3,0 литарскиот EcoDiesel V6 со 260 коњи.

Купувачот може да бира шестстепен мануелен или осумстепен автоматски менувач кои силата ќе ја распределуваат според 6×2, 6×4 или 6×6 формулата.

Посластицата на Rezvani сепак е Hercules 6×6 со  доработен V8 мотор од Dodge Challenger SRT Demon чија зафатнина е зголемена на 7,0 литри, а моќноста на ѕверски 1.300 коњски сили.

Ѕверски се и цените кои стартуваат од 225.000 долари за најевтината изведба и се искачуваат до 474.000 за последно споменатата. Што се добива за тие пари, погледнете во видеото.

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.