EV
Revoz се префрла на електрични автомобили
Revoz станува производител на електрични автомобили, соопшти управата на словенечката фабрика на Renault, претставувајќи ги плановите за идната година.
Во Ново Место уште во септември започна производството на електричната верзија на Twingo, но во скромни количини.
Со плановите за идната година предвидено е учеството на електричните возила во вкупното производство да изнесува 30 отсто, со можност за негово зголемување во зависност од побарувачката.
Revoz кој вработува околу три илјади луѓе е најголемиот словенечки извозник со 1,8 милијарди евра годишни приходи и извезува 98 отсто од произведените возила.
Од Renault велат дека оваа фабрика има за една третина поголема продуктивност од другите и дека секој вработен во неа остварува во просек по 60 илјади евра додадена вредност.
Таа влијае и автомобилскиот сектор да учествува со значајни 10 отсто во бруто општествениот производ на Словенија.