EV

Renault-Nissan алијансата е најголем светски производител на автомобили

Објавено на

 

Претседателот на алијансата, Карлос Гон во Париз изјави дека со 10.7 милиони произведени автомобили, Renault-Nissan е најголем светски производител.

За првиот човек на Renault-Nissan алијансата дилеми нема: тие се новиот број еден по продадени автомобили и лесни комерцијални возила во светот. Вкупниот волумен на нивната работа изнесува 10.7 милиони возила.

Од друга страна, пред само неколку дена одговорните од Volkswagen групацијата, изјавија дека нивната продажба запрела на 10.74 милиони возила.

Сепак поради 200 илјади тешки камиони од марките MAN и Scania (и таму Volkswagen е мнозински акционер) кои се земени во предвид, Renault-Nissan за прв пат се инаугурира во светски број 1.

Покрај сопствениот раст од 4.3% во однос на 2016 година, за пробивот на Renault-Nissan алијансата, заслуги имаат и AvtoVAZ (Lada) како и новиот член на семејството Mitsubishi.

Според податоците кои ги објави Toyota продукцијата во 2017 им достигна 10.35 милиони примероци со што цврсто стојат на третата позиција, но разликата во однос на VW сега е зголемена во корист на германците.

Според службените податоци за 2016 на прво место беше VW so 10.3 милиони продадени возила, а по неа следеа Toyota со 10.2 и Renault-Nissan со 9.96 милиони автомобили.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.