Во светот
Renault Clio V генерација: Надворешна еволуција и внатрешна револуција (видео)
Renault ја претстави петата генерација на Clio која доаѓа со еволутивен изглед на надворешноста и револутивен пристап во внатрешната архитектура.
Првата генерација на Clio претставена во 1990 година за францускиот производител значеше целосно нов пристап во градење на градските возила.
Тој концептот беше одлично примен од купувачите па секоја наредна генерација беше значаен технички исчекор во однос на претходникот.
Од досегашните четири поколенија патот до купувачите го најдоа над 15 милиони примороци.
Renault Clio е најдобро продаван автомобил во Европа во својот („Б“) сегмент и втор најдобро продаван модел воопшто. На францускиот пазар тој е неприкосновен шампион кога се работи за продажните бројки.
Уште ако споменеме дека од 2012 па сé до 2018 Clio бележи перманентен раст, ќе ни стане сосема јасно со каква тешка задача се судриле конструкторите на новата генерација.
Нивниот труд може да се види од приложените материјали, но тоа што и самите го истакнуваат е еволуција на надворешниот облик и целосна револуција во осмислување на внатрешната архитектура.
Инаку кажано, при обликување на надворешноста строго е водено сметка да се задржат динамичните и моќни линии, додека внатрешноста е целосно наново нацртана. Судејќи според приложените материјали ова навистина изгледа прекрасно.
Таму доминира централно сместениот голем „таблет“ од цели 9.3 инчи. На контролната табла веќе не можат да се видат аналогни инструменти туку таа е изведена во истиот стил, со екран од 7 или, во случај на вградена навигација, од 10 инчи.
Засега нема информации кои мотори ќе бидат вградувани но ако судиме спрема новата платформа, CMF-B која е развиена за моделите на алијансата реално е да се очекува вградување и на хибридни, па дури и само електрични погонски единици.
Од првичните информации само уште податоците за вкупната должина која е скратена на 4.048 mm и рекордно големиот багажник од 391 литар.
Се надеваме на дополнителни информации од Renault кои ќе ни ја потполнат сликата за, како што велат, најдоброто Clio до сега.
[tube]https://www.youtube.com/watch?v=zwEY7SVnAlY[/tube]