Видео

Renault Austral ќе го наследи Kadjar [видео]

Објавено на

 

Renault официјално го најави наследникот на Kadjar – ќе се вика Austral.

Планиран за претставување напролет, неговото име е изведено од латинскиот збор australis, кој според Французите добро звучи на сите европски јазици.

Со него треба да се долови живоста и топлината на југот и истовремено повика на истражување, што го прави идеално за еден SUV.

Новиот адут на Renault ќе биде долг 4,5 метри и ќе се задвижува со хибридизираните мотори од Qashqai на чија основа ќе биде направен.

Renault го има заштитено името Austral уште во 2005 година, но досега го нема користено.

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.