Видео
Renault 4 полета [видео]
Renault ја одбележа 60-годишницата на моделот 4 со дрон со изглед на идната итерација на легендарниот француски автомобил.
Кај него четирите пропелери со две лопатки ги заменуваат четирите тркала на макетата налик на идната „четворка“ поставена на средината на рамката.
Може да постигне максимална брзина од дури 94 километри на час и под агол од 45 степени да се искачи до височина од 700 метри.