EV
Renault ќе произведува возила за Mitsubishi
Со одделни соопштенија, Renault и Mitsubishi ја објавија одлуката на алијансата за почеток на заедничка соработка во Европа.
Според неа, Renault за одделни пазари во Европа ќе произведува возила за Mitsubishi, кој ќе ги продава како свои модели.
Не е конкретно објавено ниту кои модели, ниту пак на кои пазари ќе бидат пласирани, туку само дека соработката ќе започне од 2023 година.
Сепак значи дека јапонскиот производител и во иднина ќе остане на пазарот, со најмалку три модела – свежо обновениот Eclipse Cross и двата најавени „сестрински” модели.
Ова не е прва соработка меѓу двете компании – во Австралија и Нов Зеланд Renault Trafic се продава и како Mitsubishi Express.
Renault и Mitsubishi не се директно поврзани, туку Nissan има 34 отсто сопственост во Mitsubishi, а Renault 43 отсто во Nissan.