Во моментите кога ги очекуваме првите електрични возила од новата генерација на Renault, од Франција стигнуваат интересни вести.
Без некоја посебна најава, Renault објави фотографија со која ни соопштува дека во мај ќе претстави нов модел.
Проследена е со едвај неколку реда текст во кој покрај општите работи за посветеноста на марката за одржливата иднина ама баш ништо не се кажува.
Освен само еден збор кој кажува многу – дека ќе има погонски систем кој како гориво ќе користи водород, што е нешто сосема ново.
Бидејќи не е познато дали тоа ќе бидат горивни ќелии или пак класичен мотор со внатрешно согорување, ќе се воздржиме од понатамошни шпекулации.